Најчесто поставувани прашања


Кои се условите за аплицирање за кредит?
  • За кредит може да аплицира секое полнолетно лице кое остварува редовни приходи по основ на плата или останати приходи
  • Да е државјанин на РСМ и да има постојано живеалиште во РСМ.
  • Да поседува важечка лична карта или пасош.
  • Да располага со мобилен телефон и активна електронска пошта.
  • Да поседува сопствена трансакциска сметка во банка регистрирана во РСМ.
Кои документи се потребни?
  • За да аплицирате за онлајн кредит, потребна ви е валидна лична карта или пасош, трансакциска сметка, електронска здравствена картичка или здравствена книшка.
Како се аплицира?
  • Може да аплицирате директно преку веб страната, во просториите на ФД или преку нашите трговски партнери.
За кој износ може да се аплицира?
  • За брз кредит можете да аплицирате до 100 000 денари со рок на отплата до 12 месеци.
За колку време ќе добијам одговор по апликацијата?
  • Во рамки на нашето работно време, одговор по апликација за кредит се добива во рок од 30 минути.
Како се потпишува договор за кредит?
  • Договорот за кредит може да го потпишете по електронски пат со внесување на СМС код за идентификација, кој ќе го добиете веднаш по одобрувањето на вашиот личен мобилен телефон, кој има третман на електронски потпис, согласно член 2 и 12 од Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис, или
  • Своерачно во просториите на ФД.
Може ли да се користат повеќе онлајн кредити истовремено?
  • Да, возможно е да користите повеќе кредити истовремено, во зависност од вашата кредитна историја.
Дали личните податоци на кредитобарателот се заштитени?
  • Да, вашите податоци се заштитени. ФД е контролор на лични податоци, со број 622 кој е доделен од Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Како се врши враќање на кредитот?
  • Средствата се враќаат со банкарска уплата, на една од нашите сметки или со уплата на благајна во просториите на ФД.
Што доколку не платам?
  • Доколку не направите уплата согласно амортизациониот план, ќе ве контактираме да ве потсетиме и тоа преку смс, телефонски повик или преку писмена опомена.
  • Задоцнувањето генерира опомени за задоцнето плаќање казнени камати, провизии и останати механизми за присилна наплата, согласно договорот и општите услови.
  • Доколку имате долгорочни финансиски проблеми контактирајте нѐ да најдеме конкретно решение за настаната ситуација.
Дали може предвреме да се затвори кредитот?
  • o Да, можно е предвремено враќање на кредитот. Ве молиме контактирајте нѐ на: 02/3210-821 (централа Скопје), 02/3210-822 (централа Скопје).